До четврток територијата на нашата држава ќе биде зафатена од нов Африкански бран кој ќе услови значителен порас на температурите на воздухот кој на многу места ќе се искачат над 30°C додека во најтоплите региони ќе се искачат до близу 40°C и истите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени и исто така максимумот на овој топол бран ќе биде во среда, стои во временската на Славчо Поповски.
Сепак влијанието на циклонот ЛУЦИЈАН и понатаму останува па така особено во попладневните и во вечерните часови локално ќе има услови за локална нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот и тоа особено во планинските предели но и во оние населени места кои се во близина на планините каде не се исклучува можноста за електрични празнења и услови за ретка појава на град.
Според моменталните анализи поинтензивни врнежи од должд проследени со грмежи ќе има во петок и во сабота но околу ова понатаму ќе ја анализираме ситуацијата и навремено ќе ве информираме за секоја ново = настаната ситуација.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: УВ ИНДЕКОСТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе изнесува некаде од 10 до 1о па така на граѓание им препорачуваме да внесуваат повеќе течности и додека излегуваат со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат заштитна опрема поточно капа и наочари за сонце.