Доаѓа ли крајот: Треба ли да се плашиме од менувањето на половите на Сонцето


Кога се вели смена на половите се мисли токму на тоа – северниот да стане јужен и обратно. Според податоците на НАСА северниот веќе го сменил поларитетот, додека јужниот доцни.

sonce poloviНа некои интернет страници може да се прочита дека оваа смена на половите може да предизвика катаклизмични појави на земјата. Меѓутоа експертите тврдат дека нема да има посериозни последици освен што вселенското време ќе стане малку потурбулентно.

Оваа смена на половите се случува на околу секои 11 години на врвот на циклусот сончеви активности. Таа не предизвикува зголемување на бројот или јачината на сончевите зраци, коронарни исфрлувања на маса или бури.

Од наша перспектива последиците ќе бидат благи и главно поволни, а никако катастрофални. На пример некои медиуми најавија дека смената на половите би можела негативно да влијае на климата и да го зголеми интензитетот на опасни вселенски зраци .

Експертите напротив тврдат дека смената ќе ја зголеми деформацијата на таканаречената струјна површина која се протега од сончевиот екватор кон надвор во вселената, што ќе има благотворно влијание. Оваа струјна површина се создава со индукција на струја, создадена од ротацијата на сончевото магнетно поле. Вака деформираната струјна површина ќе биде уште подобар штит од високо енергетските честички на вселенски зраци кои настануваат при експлозијата на ѕбезди, а патуваат со брзина приближна на брзината на светлоста. Галактичките вселенски зраци инаку можат да предизвикаат штета на сателитите и да наштетат на здравјето на астронаутите во орбитата.

Опаѓањето на нивото на вселенски зраци ќе има благо влијание на климата на земјата, но и тоа ќе биде позитивно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1