Социјалната служба во Бразил тврди дека во едно зафрлено село живее најстариот човек на светот, кој, верувале или не, е роден далечната 1884 година.
Жоа Коељо де Суза со 131 година е најстариот човек на светот. Според Гинисовата книга на рекорди Јапонецот Јастаро Коида е натаму е рекордер со 112 години.
Доколку се потврди дека документите на Суза се автентични, тој автоматски ќе ја преземе титулата на Коида.
Но тоа не е се, Суза е во брак со жена која има 62 години, што значи дека е 69 години постар од неа, и има ќерка на возраст од 30 години, што значи дека Суза станал татко во својата 101. година од животот.
-Има денови кога е луциден но и денови кога не ги препознава своите блиски, вели неговата ќерка и додава дека нејзиниот татко преживеал дури 6 мозочни удари.