Добил отказ, па убил петмина колеги


Маж бил отпуштен од работа, поради што убил петмина поранешни колеги во индустрискиот дел на Орландо, Флорида, а потоа се самоубил.

Полицијата веднаш соопшти дека не се работи за тероризам туку за злосторство од одмазда: мажот добил отказ во април и вчера јуришал во поранешната фирма каде убил четворица колеги, а потоа и себе.

Рано утрото по локално време се слушнале пукотници североисточно од центарот на градот. Полицијата утврдила дека пукотниците доаѓаат од просториите на Fiamma Inc., компанија за производство на тенди за кампери и други возила за рекреација.

Напаѓачот пукал во конкретни луѓе и сите жртви се застрелани во глава.

Напаѓачот беше идентификуван како Роберт Њуман (45), кој влегол во фирмата вооружен со полуавтоматска пушка и ловџиски нож. Њуман бил поранешен припадник на Армијата на САД и нема индикации дека бил поврзан или симпатизер на некаква терористичка или екстремистичка организација.

Има досие за помали прекршоци како поседување марихуана и возење под дејство на алкохол. Во 2014 година нападнал вработен во фирмата, но не било поднесено обвинение.

Пред речиси една година во Орландо се случи најсмртоносниот инцидент на масовно пукање, кога загинаа 49 луѓе во напад на ноќен клуб.

Нападот го изврши американски државјанин со авганистанско потекло, приврзаник на ИСИС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1