Добила телефонски повик: Вашиот син не е мртов, продаден е како бебе во Швајцарија


Ранка Студиќ, родена во Сараево и нејзиниот сопруг Здравко со години верувале дека нивниот син починал по раѓањето во 1992 година. Со таа помисла живееле се до мистериозниот телефонски повик во кој непозната жена им кажала дека нивниот син е жив и дека е продаден во Швајцарија, пренесуваат босанските медиуми.

povik sinot e zivРанка никогаш нема да го заборави денот кога ги слушнала овие зборови:„Вие ли сте Ранка Студиќ, бегалка од Сараево која се породила во Јагодина на 7 јули 1992 година во шест часот навечер? Вашето дете е живо, неговото име е Ратко и живее во Швајцарија, продаден е на богато семејство кое го посвои“, рекла на телефон непознатата жена, истакнувајќи дека не може да живее со тој товар.

Денес Ранка и нејзиниот сопруг Здравко живеат во Исланд, беспомошно трагаат по нивниот син од 2009 година откако ја дознале вистината.

„Веруваме дека нашиот син го посвоиле Срби кои живеат во Швајцарија, рекол Здравко, истакнувајќи дека тоа го заклучил врз основа на името кое му го дале на детето.

Тој ги моли сите луѓе кои имаат било каква информација да им помогнат во потрагата.

Од болницата во Јагодина велат дека не сакаат да се занимаваат со случаи на умрени бебиња за кои родителите се сомневаат дека се продадени.

„Во тоа време (кога Ранка останала без бебето) јас не сум бил вработен во болницата. Знам дека на мајките им е тешко да се помират со фактот дека го изгубиле бебето, но ако докторите утврдиле смрт, тогаш тоа е и причината поради која не си заминале со бебето в прегратка од болница. Ако се сомневаат, постојат органи кои се занимаваат со вакви случаи, па нека се обратат таму. Во весниците се пишува сешто, а ниту еден од наводните случаи за продажба на деца не е расветлен, бидејќи не е докажан“, вели доктор Бобан Станојевиќ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1