Добиле 60 милиони евра на лотарија: Но среќата кратко траела


Германецот, Јенс Нуман (43) и неговата мајка секоја недела играле лотарија, а неодамна го отвориле весникот и виделе дека тие се добитниците на 60 милиони евра! Меѓутоа, набрзо радоста се претворила во тага.

Всушност, Јенс набрзо сфатил дека весникот погрешно ги испечатил бројките.vIKJp-ccc

Како и многу други страсни играчи, Јенс и неговата мајка секоја недела ги уплаќаат истите броеви. На први април оваа година ги отвориле весниците и виделе дека нивните бројки биле извлечени и дека тие станале мултимилионери.

– Мислев дека ќе добијам срцев удар. За секој случај тргнавме да провериме и на телетекст, а таму имаше сосема различни бројки. Во весникот беа 5, 26, 30, 36, 44 и дополнителни 3 и 9, а на телетекст 8, 14, 34, 40, 44 и 1 и 7. Бев до кисок и ги купив сите други весници и ги споредив со весникот кој јас го купив. Не можев да верувам – вели Јенс.

Весникот им се извинил бидејќи ги испечатил погрешните броеви, а Јенс е разочаран бидејќи не му испратиле ниту цвеќе.

– Секако, никому не му се потребни 60 милиони евра, па ни на мене. Но прилично би ми помогнале да ги исплатам кредитите за куќата на мајка ми. За среќа, не тргнав одма да си купувам спортски автомобил – се пошегувал Јенс.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1