Добиле бебе, а тој исчезнал- По 30 години го видела во весници (Фото)


Неверојатна приказна која вреди да ја прочитате. После три децении таа открила дека мажот, кого го знаела како Боб Робсон и со кој била заедно три и пол години, бил всушност Боб Ламберт, оженет човек и татко на две деца, чија работа била да се вовлече во екстремистички организации…

Неговиот двократен живот е јавно разоткриен кога активистите за животински права го откриле неговиот вистински идентитет. Во весници ја видела фотографијата на таткото на нејзиното дете. Други тогаш сфатила зошто Боб исчезнал без трага и ја оставил сама со малото дете.

‘Bob Robinson’, aka undercover policeman Robert Lambert, with 'Karen'

Таа се обидувала да го пронајде, но не успеала во тоа. Ништо не открила, затоа што Боб Робсон воопшто не постоел. Џеки, која се придружила во група за чување на правата на животните бидејќи многу сакала животни, никогаш не ги поддржувала радикалните мерки на најекстремните членови на ваквите организации.

„Бев во шк кога дознав. Здивот ми застана, не можев да дишам и почнав да се тресам. Ми делуваше како целиот мој живот да е изграден на темели од песок. Боб беше со мене сите 14 часа кога се породував. Породувањето е најинтимното искуство кое партнерите можат да го доживеат заедно. Тој го држеше нашето бебе пред мене, гордеејќи се. Но сега, кога ја знам вистината, се прашувам дали е платен за прекувремена работа поради тоа што беше со мене во болница. Дали неговите шефови знаат дека доби син? Дали ги известувал за напредокот на моите контракции? Се прашував зошто, ако ме сакал, одлучил да ме лаже цело време?“, раскажува Џеки.

Bob Lambert undercover policeman spy

Нејзината приказна започнала во 1984 година, кога имала 22 години. Иако остро се противела на вивисекција и лов, не била екстремна во барање на правата на животните и не била меѓу најгласните протестанти. Боб го запознала на демонстрации.

„Беше интересен и харизматичен. Прво станавме пријатели. Ми делуваше мирно и стабилно. Сакаше да се грижи за мене и тоа најмногу ме привлече. Ми велеше дека заедно можеме да го промениме светот не ако успееме да спасиме неколку зајчиња, туку ако бидеме поамбициозни. Ми рече дека тој припаѓа во радикалната група, дека живее од парите гои ги заработува како градинар и дека не плаќа данок“, раскажува Џеки.

После една година врска, Џеки посакала да основаат семејство и да добијат дете. Боб не се трудел да го спречи тоа. Таа вели дека животот со него бил идиличен, бил добар со детето и знаел да менува пелени, но кога ја дознала вистината сфатила дека тој всушност имал искуство во тоа.

Сепак, некои работи биле сомнителни. Боб не сакал да се ожени, „затоа што се противел на бракот“. Кога нивниот син наполнил 2 години таа помислила дека Боб има љубовница.

isceznat tatko4

Пред крајот на 1987 година, Боб и` рекол на Џеки дека полицијата му влегла во трага и дека мора да одлета за Шпанија. Тогаш се збогувал со неа и со нејзиниот син и исчезнал засекогаш од нивните животи.

Џеки потоа повторно го изградила својот живот. Запознала друг маж и со нив добила син, но потоа тој неочекувано починал. Оттогаш почнала да го бара Боб, за да може барем еден од нејзините синови да има татко. Но не го нашла, затоа што тој не постоел.

Откако подоцна ја прочитала веста за Боб во весниците, таа го пронашла неговиот број и го прашала ’Зошто јас?’. Тогаш се слушнала со неговата вистинска сопруга, која рекла дека двете нејзини деца починале од генетски наследна срцева маана. Џеки го однела и својот син на тестирање, но за среќа тој не ја наследил таа болест.

Боб потоа се видел со својот син и оттогаш се обидува да го надокнади своето отсуство од неговиот живот, а Џеки најмногу е повредена поради тоа што вистината ја дознала од весници, а не од него.

„Без оглед на се, не можам да го мразам. Тој секогаш ќе биде дел од моето семејство, бидејќи тој е татко на мојот син. Имаше љубов, сигурна сум во тоа и верувам дека се уште ја има“, ја завршува Џеки својата неверојатна животна приказна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1