Добитник на лото му оставил бакшиш 10.000 долари за ќерката болна од рак (Видео)


Добитникот на лото Боб Ерб застанал во ресторанот Олд Вест Експрес во Канада како би се одморил и вечерал. Во таа прилика го запознал сопственикот на ресторанот Клифорд Лутер, со кого разговарал неколку часа.

cek-10Лутер меѓу другото раскажувал за својата ќерка на која и е дијагностициран рак.

Ерб, пак, одел на погреб на својот починат татко, а исто така пред пет години го изгубил синот.

Пет дена после разговорот Ерб повротно се вратил во ресторанот, но овој пат оставил и великодушен чек.

– Побара пенкало и рече дека од износот на чекот можам да ја наплатам вечерата. Чекот беше 10.000 долари. Ми рече дека овие пари ќе ми помогнат за ќерка ми. Не можев да поверувам, мислев дека сонувам. Овој гест покажува колку луѓето можат да бидат добри, изјави Лутер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1