Добитниците на 73. по ред „Златни глобуси“


„Повратник“ на Алехандро Гонсалес Инариту е филм на годината според холивудското Здружение на странски новинари, како и најдобра режија на синоќешните 73. по ред филмски награди „Златни глобуси“. Златна статуетка за главната улога во филмот понесе Леонардо ди Каприо.

За мјузикл или комедија награден беше „Марсовецот“ на Ридли Скот, а Мет Дејмон го доби признанието за актер во оваа категорија.zlaten-globus-film6-640x353

За најдобро претставување во драма златен глобус доби Бри Ларсон, а во категоријата мјузикл или комедија очекувано доминираше Џенифер Лоренс, која доби признание за улогата во филмот „Џој“, инспириран од вистинска приказна, со кој се продолжува силната кампања на женското холивудското лоби за еднакви плати меѓу актерите и жените во САД воопшто.

Најдобра серија во категоријата драма доби новиот хит „Мр. Робот“, за која награда за спореда улога доби и Кристијан Слејтер. Статуетка доби и Џон Хем, најмногу поради тоа што за последен пат е номиниран за серијата „Луѓето од Менхетен“.

Очекувано, за најдобар анимиран филм е прогласен „Опаку Наопаку“, а Сем Смит доби признание за „Writings on the wall“, носечката нумера на последниот филм за Џејмс Бонд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1