Најмалку 10 лица убиени, 25 повредени – Нападнат шопинг центар


Најмалку 10 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на автомобил бомба, подметната пред еден шопинг центар во Багдад. Четворица напаѓачи потоа упаднале во самиот центар и зеле заложници, јавуваат светските агенции повикувајќи се на полициски и лекарски извори.bagdad bomba

Во центарот во Џавахер, во источниот дел на Багдад, каде живеат главно шиити, се верува дека се заробени меѓу 50 и 75 лица, а изворите наведуваат дека напаѓачи можеле да се видат и на покривот од центарот, што во моментов е опкружен со полиција и војници, пренесуваат американските медиуми.

Меѓу загинатите најмалку тројца се полицајци, наведуваат медиумите.

Ирачката државна телевизија, цитирајќи го портпаролот на Министерството за внатрешни работи, јави дека безбедносните сили го опколиле местото на терористичкиот напад, пренесуваат британските медиуми.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Исламска држава, која го контролира подрачјето на север и запад од Ирак, редовно ги напаѓа шиитските квартови и безбедносните сили во престолнината.

Претходно денеска три лица беа убиени, а осуммина ранети во експлозија на бомба во близина на ресторан во Бакуба, на 65 километри североисточно од Багдад, а за овој напад одговорноста ја презеде Исламска држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1