ДОБРИ ВЕСТИ ОД КИНА, ИЗЛЕЧЕНИ ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ


Кинеските провинции и општини денес објавија дека повеќе пациенти кои се заразени со новиот корона вирус закрепнале и ги напуштиле болницата.

Четири пациентки кои биле заразени со вирусот од источната кинеска провинција Џангси закрепнале и ја напуштиле болницата денес.

Џанг Веи, експерт од провинцискиот штаб за итни случаи и превенции и контрола на епидемијата во Џангси, изјавил дека врз основа на анализите за лечење на пациетите за закрепнување од истата клучно е раното откривање на болеста и навремено лечење на истата.

Јужнозападната кинеска провинција Сечуан известила дека првиот пациент од таа провинција закрепнал денес, а боледувал од воспаление на белите дробови предизвикано од корона вирусот.

Селуанската провинциска управа за традиционална кинеска медицина соопштила дека пациентот Јанг Ли (34) бил лечен во болницата во градот Ченгд на 11-ти јануари.

На Јанг дијагностициран му бил корона вирусот 10 денови подоцна.

Тој бил лечен со традиционална кинеска, но и западна медицина во текот на изолацијата.

Пациентка стара 57 години излечена била и отпуштена денес од болницата Хунан, провинцијата која се граничи со провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата.

Во Пекинг, доктор кој бил заразен со новиот корона вирус откако патувал во Вухан, закрепнал и ја напуштил болницата денес.

Тоа бил петтиот случај во главниот грд на Кина кој бил излечен и отпуштен од болница.

Совети од кинеските доктори

„Бидете со своите дома барем две седмици во самоизолација, а со нас во болницата контактирајте преку ви-чет каде што може да поставите било какво прашање“ – вели Су Јинг, директор на болницата за инфективни болести во покраината Анху.

Поради страв од епидемијата исто така одложено е Светското првенство во атлетика во салата во која што требало да се оддржи во месец март.

Компанијата „Икеа“ и „Google“ ги затвориле своите канцеларии и претставништва во Кина.

Светските авио компании и понатаму го ограничуваат сообраќајот во Кина, а меѓу последните кои го направија тоа се „Air Frans“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1