Добро вино и луда забава – Програма за „Пролетниот Вино Фест“ – започнува во среда


Подготовките за престојниот „Пролетен Вино Фест“ се веќе завршени, а од организацијата ги открија и музичките имиња кои ќе настапат од 6- 10 мај кај Веро Центарот. vinski festival jpg

Покрај сортните вина и деликатесната храна, посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во музика за сечиј вкус. На отворањето во среда, свој настап ќе имаат енергичните The Hounds кои се познати по одличните кавер верзии на македонски песни, но и по неколку авторски песни, а веднаш по нив ќе настапи гостинот од Црна Гора- Бојан Маровиќ, чии песни одлично „лизгаат“ со добро вино.

Во четврток свое големо концертно враќање на сцената ќе доживеат култните Last Expedition, еден од најдобрите македонски бендови на сите времиња, а пред нивниот концерт ќе настапат Cross road Blues Band и Backdoor Band.


Петокот е резервиран за македонска музика, па ќе ги слушаме Бета Хаус,  Миле Кузмановски и за крај Жаре Бербер.

На 9 мај во сабота, на „Пролетниот Вино Фест“ публиката ќе ја забавуваат Летечки Пекинезери, Нина Јанева & 2 Exit и маестро Игор Џамбазов.

Последниот ден на фестивалот ќе се заокружи со македонска етно музика со бендот Калевала, но и со еден нов проект „Каверленд“, чиј што вокал е победничката на Макфест – Александра Јанева, а она што го прави овој бенд поразличен од другите е тоа што музицираат на инструменти кои најчесто се користат во класичната музика. Од менаџментот најавуваат дека ова ќе биде едно од најголемите изненадувања за посетителите на „Пролетниот Вино Фест“ 2015.
Целосната програма може да ја погледнете тука:
Среда ( 06.05)
18:00-20:00    ЧАЛГИИ
20:00-21:30    АКУСТИКО БЕНД
21:30-23:00    БОЈАН МАРОВИЌ
23:00-01:00    THE HOUNDS
Четврток ( 07.05)
19:30-21:00    DJ TINA
21:00-22:00    CROSS ROAD BLUES BAND
22:00-23:30     THE BACKDOOR BAND
23:30-01:00    LAST EXPEDITION
Петок ( 08.05)
19:00-21:00    NEW INDIGO
21:00-22:00    BETA HOUSE
22:00-00:00    МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ
00:00-01:00    ЖАРЕ БЕРБЕР
Сабота (09.05)
19:00-21:00    ТАМБУРАШИ
21:00-22:30    ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ
22:30-00:00    НИНА ЈАНЕВА & 2 EXIT
00:00-01:00    ИГОР ЏАМБАЗОВ
Недела ( 10.05)
19:00-20:00    ЧАЛГИИ
20:00-21:30    ТАМБУРАШИ
21:30-22:00    КАЛЕВАЛА
22:00-23:00    COVERLAND
23:00-00:30    dE MARBLE

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1