Доброволци од Куманово во Србија за помош на настраданите – Македонија праќа помош


Преку прибирање на луѓе на социјалната мрежа Фејсбук и отварање на група ”Помош за настраданите во Србија”, група младинци од Куманово вчеравечер се собраа пред зградата на АРМ и се упатија во Белград,  за да понудат своја помош на настраданите во поплавите што ги зафатија неколку градови во Србија, пренесува Куманово њуз.

Според последните објави на Фејсбук, групата е веќе во Србија во пружање помош за потиснување на поплавите во Шабац. Колкав е точниот број на луѓе кои заминаа од Куманово засега е непознат, но според коментарите, се работи за група од околу 150 луѓе.

10390127_10203554180512501_1488108157230814580_n-620x264Исто така, во организација на ДПСМ, група членови и хумани луѓе од Куманово веќе се наоѓаат во Белград и се распоредени во давање помош за спречување на поплавите во Шабац.

Во Шабац се наоѓа и Претседателот на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ и актуелниот советник во Општина Куманово, Саша Николиќ.

Poplave-SMSЧамци, кебиња, лекови, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати и медицински персонал испраќа Македонската влада по страшното невреме кое нанесе огромни материјални штети во Србија и Босна и Херцеговина.

Ова вчера го најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој изјави дека од страна на Европската цивилна заштита добиле информации дека од нив било побарано помош од страна на Србија и Босна.

Од Дирекцијата за заштита и спасување денеска ја подготвија потребната помош која ќе биде испратена во најкритичните делови во овие две земји.

– Согласно одлуката на Владата на Република Македонија направена е активност за помош на загрозените подрачја со поплавите во Србија и Босна. Во помошта учествуваа Дирекцијата за заштита и спасување со свои материјално-технички средства и опрема, Министерството за внатрешни работи со еден специјализиран тим за спасување на и под вода и Министерството за одбрана со пет чамци, пет агрегати за струја и дополнително опрема, вклучувајќи и 3.000 кебиња кои се наменети за Босна и Херцеговина, истакна Љупчо Петровски од ДЗС.

Освен тоа, нагласи тој, испратени се и лекарства обезбедени од Министерството за здравство преку Бирото за стоковни резерви.

Се надеваме дека на овој начин Македонија ќе придонесе за што побезболно Србија и Босна да излезат од овие неприлики кои ги зафатија нивните држави во последните неколку дена, додаде Петровски.

Тој нагласи дека Дирекцијата за заштита и спасување испраќа 30 припадници од своите тимови за брз одговор за спасување од поплави, Министерството за внатрешни работи испраќа 15 припадници од специјалираната единица за спасување на вода и под вода и Министерството за одбрана ќе ипрати 15 припадници кои ќе бидат задолжени за опслужување со техничките средства за заштита од поплавите во Босна и Херцеговина и Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1