Додека глумиме Европејци, ДУИ крои планови за размонтирање на државата


Приказната повторно ја почна ДУИ со барањето за консензуален претседател и кампањата за бојкот на претседателските избори. Барањата на ДУИ за промена на политичкиот систем во државата несомнено ќе продолжат и во следниот период и уште повеќе ќе се интензивираат, особено по осознавањето на резултатите од првиот круг претседателски избори, каде што се виде дека ДПА нема значително влијание кај Албанците и клучниот збор и понатаму го држи Али Ахмети

ali ahmeti kece Етнички буџет, дводомен парламент, Бадентеров принцип на одлучување во судството, албанскиот официјален јазик на цела територија. Ова се некои од прашањата што симултано се отворија повторно за време на изборите, и тоа од партиите на македонските Албанци. Многу странски и домашни политички аналитичари без дилема ги оквалификуваа барањата како модел чија практика директно би го нарушила унитарниот карактер на Република Македонија. Отворено, тешко дека ќе се слушне оти македонските Албанци се залагаат за федерализација, но елементите што се бараат водат директно и недвосмислено кон тоа. Тоа се барања или параметри со кои се идентификува една федерална држава, а Македонија е унитарна држава. Тоа се барања што трасираат една политичка патека, која води кон федерална држава.
Приказната повторно ја почна ДУИ со барањето за консензуален претседател и кампањата за бојкот на претседателските избори.

Барањата на ДУИ за промена на политичкиот систем во државата несомнено ќе продолжат и во следниот период и уште повеќе ќе се интензивираат особено по осознавањето на резултатите од првиот круг претседателски избори, каде што се виде дека ДПА нема значително влијание кај Албанците и клучниот збор и понатаму го држи Али Ахмети. Во таа насока аналитичарите го толкуваат и барањето на премиерот Груевски за 62 пратеника за да се избегнат можните и очекувани уцени од ДУИ. На овој начин, освен константниот и силен притисок однадвор на меѓународната заедница за разни бенчмаркови, особено за името, имаме и притисок однатре од Албанците, со премолчена согласност и на дел од меѓународната заедница. Станува збор за барања што не се нови. Беа тема пред неколку години или на последните парламентарни избори во 2011 година, а особено се актуализираа во 2001 година.

ahmetiТоа се процеси што не само што се поддржани однадвор туку и се поттикнати најверојатно оттаму. Со ова се согласуваат многу македонски интелектуалци, универзитетски професори, дипломати, историчари, поети.

Кои се нивните размислувања? Што велат тие за овие барања на македонските Албанци и како ги објаснуваат?

Отворени карти

За да се разберат политичките мотиви во поставувањето неприфатливи, неуставни и целосно нереални барања од албанскиот фактор мора да се вратиме на причините за војната од 2001 година.

– Корените се артикулирани во првите пет соопштенија на ОНА, дека војната се води за „ослободување“ (албански!) територии. Откако не успеа тоа, со рамковниот од Охрид, се отвори широк простор за постепена и етапна реализација на истата намера. Главен репрезент на оваа политика се истите тие што ја водеа војната – ДУИ. И други албански лидери не се далеку од големоалбанскиот проект, чија реализација се крие зад сето тоа. Откако влезе во власта, се знае со чија помош, ДУИ подолго време тактички мируваше, за да се подзаборави војната – изјави Ристо Никовски, дипломат.

ahmeti-treta_480_350Меѓутоа тој смета дека во последниве неколку години тие ги отворија сите карти и грубо настојуваат пропуштеното во 2001-та да го реализираат со политички уцени и ултиматуми. Мора да се признае дека во тоа се исклучително успешни, благодарение на глупоста на другите, додава Никовски.

Првиот чекор за разбивање на државата е федерализацијата и на тоа упорно и одлучно работат преку разни форми и модалитети.

– Добар дел македонски политичари или не го забележуваат тоа или, што е поверојатно, се прават недоветни само за да ги постигнат своите лични и партиски политички цели. Во овој контекст спаѓаат: наметнувањето на „победничките“ партии да формираат влада; барањата за етничка поделба на буџетот; дводомното Собрание; изедначувањето на албанскиот јазик со македонскиот; Бадентеровиот принцип во судството… Впрочем, најсвеж пример е ултиматумот за т.н. консензуален претседател, што е чиста бесмислица ама политички добро спакувана – вели Никовски.

Јасна цел

И според Стефан Влахов Мицов од Институтот за национална историја, целта на албанскиот фактор е јасна – прво федерализација на Македонија, а второ отцепување на западна Македонија од македонската држава.

– Ова е планот што тие го туркаат од поодамна или од осамостојувањето на Македонија. Периодот 1991-2004 година е пораз за македонската државност. Тоа заврши со Законот за територијана поделба.
Моментално де факто западна Македонија е откорната од преостанатиот дел на државата. Ова е видно таму и со албанските знамиња – вели Мицов.

Целата анализа на – Нова Македонија  

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1