Додека сопругот не бил дома, трудница јадела цигли, малтер и земја


Британката Џени Масо (31) од Ливерпул, во 2012 година кога била бремена три месеци почувствувала силна потреба да јаде цигли додека гледала емисија за градежни работи.

Веднаш почнала се повеќе да јаде од циглите, а меѓу другото почнала да јаде и земја , песок и малтер.Trudnica(1)

– Потребата беше посилна од желбата за цигара – раскажала Џени за „Дејли меил“.

Нејзиниот сопруг немал поим што се случува. Поради тоа што и било непријатно таа ја сокривала својата бизарна потреба од својот сопруг. Таа јадела градежни материјали кога тој бил на работа или кога ќе заспиел. Со време Џени истругала добар дел од девет цигли во нивниот дом, па нејзиниот сопруг предложил да го повикаат сопственикот на куќата за да го поправи тоа. Тогаш Џени се му признала.

Таа во тоа време била бремена со својот прв син Рајли Конор, кој денес има три години.

– Се надевам дека соседите никогаш не ме виделе додека го правам тоа, но можеби слушнале чудни звуци бидејќи стругањето на цигли звучеше како реновирање на дом.

Британката струганиците ги јадела веднаш, а кога нејзиниот сопруг не бил дома, ги јадела во тоалетот. И потоа со часови ја грицкала циглата меѓу забите.

– Стивен знаеше да ме праша што сум јадела, а јас му велев „ништо“ – раскажува оваа 31-годишна мајка.

Во шестиот месец на бременоста почнале да ја болат забите и добила опстипација поради јадењето на земја, цигли и песок.

Сопругот ја советувал да посети забар, а кога отишла, тој и рекол да му се јави на својот лекар. Една недела подоцна на оваа Британка и било дијагностицирана болеста Пика , нарушување во исхрана што се манифестира со зголемена потреба за консумирање нехранливи супстанции како земја, паста за заби, креда, сапун.

– Кога дознав за ова нарушување бев пресреќна бидејќи мислев дека сум луда – додала Џени.

Освен цигли, таа имала страшна желба да јаде земја која ја купувала во еден градинарски центар. Таа земја и се чинела почиста отколку онаа од градината зад нејзиниот дом. Џени јадела песок од блиската плажа, а кога почувствувала силна потреба за да јаде вакви супстанции, на својот сопруг би му кажала да оди да го прошета нивното куче на плажа.

Нејзината потреба за консумирање на големи количества од оваа „храна“ зависела целосно од состојбата на нејзиниот ум, вели таа и дека кога била под стрес консумирала повеќе вакви супстанци.

Откако дознала од што боледува, Џени прочитала многу прилози на интернет за ова нарушување и и било полесно кога сфатила дека не е единствена.

– Се плашев какво влијание ќе има сето ова на мојот син па подоцна само ја џвакав и ја плукав оваа „храна“ – додала Џени.

Таа се надевала дека нејзината бизарна потреба ќе престане по породувањето, но таа продолжила. Тоа потрајало до третиот месец од животот на своите синови, а потоа комплетно исчезнала.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1