Додека цел Балкан ја бараше. а родителите минаа низ голгота, Нина им ја трошела заштедата


Малолетната Нина Живковиќ која е пронајдена по тридневна потрага, патувала низ Србија и го трошела заштеденото на својата мајка, додека пријателите и роднините се стравувале за нејзиниот живот.

Нина исчезна на 22 декември, а полициската патрола ја пронајде три дена подоцна, близу нејзината куќа во Ресник.

Девојчето во придружба на мајката е сослушана во полиција, а од дома побегнала како знак на револт и поради лошите семејни односи.

nina-zivkovic500

Спиела на станица

-Нина рече дека минатата недела два дена поминала во библиотеката, додека во средата и четвртокот се возела со автобус на линијата 47. Дома се враќала во време кога требало да си дојде од училиште, иако не се појавувала на часови. Во петокот била настината, така што викендот го поминала дома, велат од истрагата.

Девојчето на 22 декември излегло од дома, кога наводно ја пресретнал автомобил во кој бил постар човек со девојка.

Тој наводно на Нина и се заканил да донесе пари, или ќе ја повреди сопатничката. Девојката, тогаш, според нејзиното кажување, се исплашила, се вратила дома и зела 1.500 евра, вели извор од истрагата.

14-годишната Нина со парите во џеб тргнала на патување низ Србија.

-Била во Шабац кај пријател кого го запонала преку Фејсбук. Потоа отишла во Ниш, каде спиела на автобуска станица. Потоа се вратила во Белград, се шетала низ град, јадела во Мекдоналдс. Потоа пак отишла во Шабац, па во Ресник каде ја пронашла полицијата, велат извори за српски Курир.

Среќен крај на драмата

Нина, како што е утврдено, потрошила 300 евра, додека полициајта го пронашла остатокот.

-Девојчето на сослушувањето рекло дека татко ѝ е во затвор, по што нејзината мајка рекла: Тој е мртов, велат од ситрагата. Нина околу 14 часот со мајката Мира се вратила дома.

-Ви благодарам на сите, Нина е добро – им изјави мајката на новинарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1