Федералниот национален совет во Обединетите Арапски Емирати донесе одредба која од новите мајки бара цели две години да ги дојат своите деца, а мажите можат да ги тужат ако не го прават тоа, пишува Huffington Post.
Истражувањата открија бројни предности од доењето, од намалување на ризикот од дебелина, па сè до подобар развој на моторичките и јазичните способности. Меѓутоа, не се сите нови мајки во состојба да ги дојат своите деца и во тие случаи, ако жената не може да го дои бебето поради медицински причини, државата обезбедува посебна сестра, иако сè уште не е утврдено како ќе биде одредена способноста на мајката да дои.
Со оглед на тоа што доењето е прифатено во светот како најздравата опција за мајката и бебето, новите мајки веќе се изложени на притисок, а во исто време се и многу ранливи и потребна им е поддршка, а не казна за оние кои не се во состојба да го направат тоа.