Доењето задолжително со закон


Федералниот национален совет во Обединетите Арапски Емирати донесе одредба која од новите мајки бара цели две години да ги дојат своите деца, а мажите можат да ги тужат ако не го прават тоа, пишува Huffington Post.

doilkaИстражувањата открија бројни предности од доењето, од намалување на ризикот од дебелина, па сè до подобар развој на моторичките и јазичните способности. Меѓутоа, не се сите нови мајки во состојба да ги дојат своите деца и во тие случаи, ако жената не може да го дои бебето поради медицински причини, државата обезбедува посебна сестра, иако сè уште не е утврдено како ќе биде одредена способноста на мајката да дои.

Со оглед на тоа што доењето е прифатено во светот како најздравата опција за мајката и бебето, новите мајки веќе се изложени на притисок, а во исто време се и многу ранливи и потребна им е поддршка, а не казна за оние кои не се во состојба да го направат тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1