Дојдете да си го земете детето – градинките кратат работно време за да штедат струја?


Слабата посетеност на децата во градинките во јануари годинава била главната причина тие да се префрлат во една група, за да се намалат трошоците за струја. Оваа одлука ја донеле неколку скопски градинки, откако неколку дена по ред згрижувале по две-три деца. Така, тие ги затвориле другите објекти (клонови) и ги известиле родителите дека децата ќе се згрижуваат само во еден објект од градинката, пишува Нова Македонија.  

deca gradinka
Родители, пак, реагираат и на тоа што во истиот период воспитувачките им се јавувале да го земат детето пред истекот на работното време. Ваквите случаи, според родителите, се повториле во неколку скопски градинки во населбите Бутел, Аеродром, Чаир и Центар.

Според одговорните во овие установи, работното време на градинките е од 6 до 18 часот во текот на неделата, освен за викендите. Скратено работно време, дури и во летниот период и за време на празниците, не важи за градинките, нивна обврска е да ги згрижат децата до 18 часот, односно додека не дојдат родителите да ги земат. Во случаи кога се пречекорува времето, должност им е да се јават на родителите за ги дознаат причините за ненавремено земање на детето. Инаку, воспитувачите имаат право да контактираат со родителите само ако нивното дете се повреди во градинката или, пак, ако качи температура, добие алергија и слично.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1