Дојди по мене на радиологија, нешто ме боде во градите – Ја запросил со рендген снимка (Видео)


Марин Зовко од Босна на својата девојка Јелена Мелетиќ, најпрво ѝ испратил драматична смс-порака дека нешто страшно го боде во градите

marin-zovko-jelena-miletic-prosidba-rendgen-printskrin-yt-1385387047-402723,, Нешто ме боде во градите и ми создава силна болка. Морам на рендген да ми ги снимаат белите дробови. Дојди по мене на радиологија“ напишал Марин

Јелена загрижена стигнала и веднаш почнала да ја распрашува докторката.

Но, таа бидејќи била дел од целата приказна направила уште подраматична ситуација кога ѝ рекла на Јелена дека резултатите на нејзиното момче се толку сериозни, што медицината сè уште нема лек за таква болест.

Во тој момент ја извадила рендген снимката на неговиот граден кош, каде во срце пишувало: Омажи се за мене!  Тогаш се појавил и Марин и клекнал пред неа.

Дали Јелена го прифатила предлогот погледнете во видеото:

zaprosuvanje rendgen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1