Дојдоа да го иселат семејството, а таткото во очај ја фрли ќерката (1) од покривот


Еден маж од Јужна Африка е обвинет за обид за убиство кога ја фрлил својата шестмесечна ќерка од врвот на колобата за да спречи рушење, во делот на градот познат о бесправно изградените објекти.

Мажот (38) го зел бебето на покривот од својот дом во знак на протест против булдожерот кој дошол да руши, во градот Квадвеси во Јужна Африка. Шест полицајци се построија на земјата додека еден се качи на покраивот и се обиде да разговара со него. Човекот го држеше бебетп за нога, а потоа го фрли.
Како што се наведува, во позадината насобраните граѓани скандирале „Фрли ја, фрли ја“. На фотографиите се гледа полицаец кој се обидува да го зграпчи таткото пред да го фрли бебето. За среќа, полицајците на земја го фатија бебето и не се здоби со повреди. Таткото потоа е уапсен и обвинет за обид за убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1