Дојран остана без градската плажа, откако езерото стигна до бетонскиот заштитен ѕид, ги поплави плажите и пешачките мостови
– Ова е највисокото ниво во последните 30 години. Порано нивото беше четири метри под нулта кота, а сега изнесува метар и половина над нулта кота – изјавила Блашка Талеска, која подолг период врши мерење на езерото.
Нивото на Дојранското Езеро се очекува да расте и во наредниот период поради врнежите и топењето на снегот од Беласица.