Доколку сте на возраст од 6-14 години пријавете се за нова македонска анимирана серија


Креативниот центар „Тинтири –  минтири“ во соработка со Аурипигмент продукција утре напладне во Македонската телевизија организира аудиција за деца од 6 до 14 години, за потребите на нова македонска играно-анимирана серија за деца која ќе почне да се снима наскоро.

За да се претстават, децата треба да имаат подготвено една стихотворба и нешто по сопствен избор, соопшти центарот „Тинтири-минтири“.deca-zname500

Центарот почнува и со организирање часови по глума, сценарио, анимација, сценско движење, водители, радиодрама. Заинтересираните може да се пријават на аудицијата и да добијат професионално насочување, откривање на талентот и насоки за негово понатмошно негување и развивање.

Екипата на Центарот се состои од режисер, сценарист, актер, педагог, социолог и други соработници.  Под водство на Кузман Кузмановски, тимот на „Тинтири – минтири“ 12 години работи со деца од предучилишна и одделенска возраст во сферата на аудиовизуелните медиуми и театарската уметност,

Организира и работилници за анимација за деца во рамки на  интернационалниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“. Центарот стои зад реализацијата на играните серии за деца „Патувања со рабробил“ (2004) и „Патувања со рабробус“ (2007).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1