По тешка сообраќајна несреќа, 19-годишно момче од Прилеп, со тешки повреди, било донесено на скопските клиники, поточно во Ургентниот хируршки центар.
Покрај тешката болка на семејството, дежурниот лекар таа вечер, според тврдењата на таткото на момчето што подоцна ги споделил со раководителот на Ургентниот центар, побарал пари пред операцијата.
Поради тешките повреди, момчето починало, но во воздух останува да виси – зошто лекарот ги побарал парите и зошто директорите, кога се запознаени со случајот, не го испитаат случајот, туку сѐ уште чекаат на пријавата од таткото?
Извор: Фокус