Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден во 11 часот, на улицата „Ферид Заири“ во Скопје.
Откако 64-годишниот А.Т. вработен како доктор во Итната медицинска помош-домашна посета, го паркирал своето службеното возило, бил физички нападнат од страна на исто така 64-годишниот З.Р., кој го удирал со тврд предмет во пределот на главата и телото.
Причина за нападот е тоа што А.Т. со возилото му го попречил движењето на З.Р. по улицата.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.