Доктор силувал жена на паркинг од болница


Докторот Ратомир П. (46) е уапсен поради сомнеж дека на 3-ти април на паркингот на Инфективната клиника во Белград ја присили Тања М. (31) орално да го задоволи, пишува српски „Курир“.

Лекарот кој работи на една приватна клиника, според неофицијалните информации, прво ја претепал жената, потоа сексуално ја злоупотребил, ја исфрлил од автомобилот и побегнал.bolnica belgrad

– Претепаната Тања М. почнала да бара помош. Во близниа на паркингот бил портирот, кој го слушнал плачот на жената и веднаш повикал полиција. Потрагата за докторот тргнала истиот ден, но тој бил уапсен дури во вторникот. Тој во моментов се сомничи дека извршил кривично дело силување, велат извори блиски до истрагата за српски „Курир“.

Тања М. во полиција појаснила дека го запознала Ратомир во познато белградско казино и дека потоа влегла во неговиот автомобил.

-Рекла дека таа вечер во казиното заминала со сопругот и дека тогаш забележала дека до тогаш непознатиот маж ја посматра. Таа и сопругот во текот на вечерта на коцка ги загубиле сите пари што ги имале со себе и заминале дома, велат истите извори.

Кога сопругот заспал таа одлучила да се врати во казиното за да ги врати парите што ги загубиле. Таму забележала дека мажот што претходно ја посматрал сеуште е таму. Откако повторно ги загубила сите пари, тргнала да си оди дома, а докторот тогаш и пришол.

Тој наводно и понудил да ја однесе до дома, а таа прифатила затоа што останала без пари. Штом влегла во автомобилот тој почнал да ја удира.

Инаку, Ратомир М. претходно и бил познат на полицијата. Тој имал проблеми со алкохолот, но и со менталното здравје.

И доторот и жртвата, ноќта кога се случил нападот биле под дејство на алкохол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1