Доктор Ставриќ останува во затвор – продолжен му е притворот


Доктор Ставриќ наскоро ќе седне на обвинителна клупа , а во наредните триесет дена останува во притвор.

stavrikj-540x303Основниот суд Скопје 1 му ја продолжи мерката притвор на офталмологот Дејан Ставриќ на дополнителни 30 дена откако Oсновното јавно oбвинителство поднeсе обвинителен акт до судот и  понатамошно задржување во  притвор. Кривичниот суд треба да назначи судија и  во најкраток можен рок ќе закаже термин за одржување на јавна расправа што и официјално значи дека се отвора процес против Ставриќ, кој се товари за кривично дело примање поткуп, награда за противзаконско влијание.

Ставриќ беше уапсен на 6 мај под сомнение дека противзаконски примил 2.000 евра. МВР го сомничи очниот доктор дека парите ги побарал како награда за посредување на пациент кој подолг временски период се лекувал на Очната клиника ,за да добие инвалидска пензија. Претходно, Ставриќ на пацинетот му дијагностицирал сериозно заболување на очите и констатирал дека лицето нема услови да продолжи со работа.Подолг временски период биле во контакт со пациентот кој се одлучил случајот да го пријави во полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1