Докторите „лечат“ леукемија со ХИВ – излечиле 7 год девојче (Фото)


Доктори успешно искористиле ХИВ вирус кои е предизвикувач на СИДА, за да излечат 7-годишно девојче од леукемија. Оваа процедура би можела да ја замени трансплантацијата на коскена с’рж како третман за леукемија, а лекарите по случајот на Ема сега се се поголеми оптимисти.

На фотографијата е Ема Вајтхед, сега 7 годишно здраво девојче, заедно со нејзината мајка. Ема уште на 5 години се разболела од леукемија, а на 6 нејзините родители прифатиле да биде лекувана со експерименталниот приод.

прифатиле бидејќи по две години борба со акутна лимгобластна леукемија, болеста кај Ема само напредувала и ништи не давало ефект.  Хемотерапијата не помогнала ниту да се излечи болеста ниту пак да овозможи трансплатнација на коскена с’рж.

Експерименталниот метод бил последната шанса за живот на ова мало девојче.

Процесот бил претходно тестиран на возрасни пациенти, но Вајтхед во Април била првото дете на кое бил извршен ваков третман, јавува Њујорк Тајмс

Докторите од  Универзитетот во Пенсилванија и Детската болница во Филаделфија, манипулирале со имунолошкиот систем на Вајтхед за да ги таргетираат заболените клетки. Зеле серија од нејзините Т-клетки (вид на бели крвни зрнца) и со помош на генетски инженеринг ги насочиле кон убивање на Б – клетките (друг вид на бели крвни зрнца) со што болеста била излечена.

За оваа цел докторите искористиле негативен ХИВ за да ги изменат Т-клетките и насочат кон уништување на Б-клетките. Овој ХИВ вирус е лабараториски вмрежен и нема способност да се размножува а сепак ги уништува Б клетките, така да не постои ризик од ХИВ зараза, вели лидерот на овој третман др.Carl H. June

Два месеца по третманот, тестовите покажале дека ракот е сосема исчезнат, а по 6 месеци, Вајтхед се вратила на училиште.

Третманот се уште не е потполно тестиран: Вајтхед за малку не умрела од превисока температура. Исто така, овој третман предизвикува уништување и на здрави Б-клетки кои ги прави пациентите поподложни на инфекции.  Сепак оваа Т-клеточна терапија претставува медицински пробив кој во иднина би можело да ја замени трансплантацијата на коскена с’рж.

,, Би сакал да додје ден кога ќе кажам дека имаме лек, но се уште неможам да го кажам тој збор, премногу е рано но резултатите влеваат надеж,, вели др Џун

Tags:

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1