Во нападот што го изврши студент на четврта година на Керчинскиот политехнички факултет , Владислав Росљаков , кога активира импровизирана бомба во кантината на факултетот ,а потоа пукаше по своите колеги и професорите , загинаа 20 лица , а над 70 се повредени. По тоа се самоуби.
Меѓу хоспитализираните пациенти , десетмина се во тешка состојба и им биле ампутирани раце или нозе.
Руската министерка за здравство Вероника Сквортсова објаснува дека во експлозијата студентите и професорите биле изрешетани со шрапнели. ,,на некои жртви им се раскинати внатрешни органи .
Во телата и органите најдовме парчиња од плочки и метални топчиња. На некои од повредените им биле ампутирани нозете или стопалата, објасни министерката.