Благодарение на геолошките предиспозиции на македонската земја и специфичната клима, одгледувањето афион уште во раниот 19-ти век стана ветувачка активност. Производителите на опиум во Вардарската долина, помеѓу двете светски војни, задоволувале 43% од побарувачката на легалната преработувачка индустрија
Македонскиот опиум благодарение на поволната почва и речни наноси бил меѓу најдобрите во светот, бидејќи содржел 14-16% морфин. За пример, кинескиот имал само 3-5% морфин. Мкаедонските куќи чувале опиум како суво злато.. речиси секоја куќа имала пита со опоим, а колку си богат се гледало по тоа колку ти е голема питата со опиум.
Но и Турција (отоманска империја) и Југославија во чии рамки била тогаш Македонија се богателе на маката на македонскиот земјоделец. Дури и видни политичари биле вмешани во шверц со опиум како тогашниот градоначалник на Скопје.
Францускиот ботаничар Емил Перо за време на својот престој во Скопје изјавил дека „афионот од Јужна Србија го дава најдобриот опиум“, па не е чудно што бил многу баран во Франција, Германија и Швајцарија. А ова тврдење го покажува и документ на ЦИА.
Деталите погледнете ги во емисијата ,,Досие – Опиум 1 и 2 дел,, со Анита Петровска Рајковиќ