Документарец кој го згрози светот: Јас сум педофил! Ве молам помогнете ми!


Еди нема криминално досие, што потврдила и полицијата. Имал нормално детство, бил популарен во училиште, бил капитен на фудбалскиот тим. Дека е педофил сфатил во своите 20-ти години.

39-годишниот Еди во себе крие мрачна тајна, со која се бори поголем дел од својот живот. Се срами од самиот себе. Тој е – педофил! Го привлекуваат девојчиња од 4 години. И покрај тоа, тврди дека никогаш не потклекнал пред своите желби, пишува Independent.

Еди нема криминално досие, што потврдила и полицијата. Имал нормално детство, бил популарен во училиште, бил капитен на фудбалскиот тим. Дека е педофил сфатил во своите 20-ти години.

edi-pedofil-britanija-dokumentarec-01
“Тоа беше тежок период. Имав некои девојки кои ги сакав, но сфатив дека физички ме привлекуваат девојчиња од четири, пет, шест години. Многумина претпоставуваат дека сум злосторник поради тоа што го чувствувам, но јас не сум способен да направам нешто такво. Не сакам да го направам тоа. Можеби е тоа затоа што не ме привлекуваат исклучиво деца, туку жени, на сите возрасти”, вели Еди.

Но, за педофилите тоа не е воопшто чудно. Поради тоа многумина од нив се во брак, имаат деца, и не се препознати како педофили во средината во која живеат.

Во Велика Британија секоја седмица се појавува некој педофилски скандал. Се проценува дека на Островот има најмалку 50.000 педофили. Некои велат дека има дури 250.000. Др. Сара Гуд смета дека против педофилијата треба да постои борба на поинаков начин, односно преку разговор. Таа смета дека треба да им се помогне.velika-britanija-pedofil-1328585176-31983

Поради своите контроверзни ставови таа ја изгубила својата работа. Отворила и интернет форум за педофили на кој комуницира директно со нив.

Во Германија основале пионерски проект за превенција на педофилијата со име “Darkfield”, кој вклучува групна терапија за педофили, вежби за емпатија кон жртвите, па дури и лекови за педофилите на кои им е потребна помош. Условот е да не го прекршат законот и да признаат:

“Да, јас имам проблем со своите чувства кон децата и сакам да ми помогнете да не паднам во искушение”.

Зашто некои луѓе воопшто стануваат педофили? Се покажало дека сексуално злоставувано дете станува злоставувач кога ќе порасне. Но, Еди, не бил злоставуван. Причините за педофилијата научниците се обидуваат да ги пронајдат во човековиот мозок, и тоа од почетокот на неговиот развој.

Режисерот на документарецот ја прикажал и другата страна на приказната, односно таа на жртвите на педофилите.against_pedophilia_tshirt-p235996519991815567zvh3u_400
Иан Мекфејден во 1975. година бил ученик во училиште во Бакингемшир. Училиштето било преполно со педофили. Иан бил злоставуван од неколку наставници, а најмногу од директорот Џорџ Хил.

“Беше многу добар пријател со моите родители. Некој на кого може да му се верува. Комуникативен човек. Сакав да бидам во негово друштво. Се додека не ме силуваше. Дојдов во училиштето како некој кој е вреден за почит. Тие тоа го одземаа од мене”, вели Мекфејден.

Хероин за прв пат пробал на 12 години. Се нудел на мажи, спиел со нив. Му било сеедно дали ќе преживее или умре. Сепак, успеал да се врати на вистинскиот пат – оженет е, работи како советник, и ја раскажува својата приказна во борба против педофилијата.

Tocka.com,mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1