Документарец за лошата страна на Путин – ја тепал бившата жена, се плаши од стареење


„Претседателот на Русија, Владимир Путин има страв од стареење и го затегнал лицето неколку пати. Сакал да има младешки и динамичен изглед. Путин стравува од физичко пропаѓање, од стареење- стои во документарецот.“

Ова е само еден дел од документарниот филм „ Putin the man“ во кој Путин е прикажан во најнегативна смисла од прва до последна минута.putin0_113996

Во документарецот исто така се тврди дека 62-годишниот руски претседател ја тепал својата поранешна сопруга Људмила и дека има „болна потреба за контрола откако преживеал пет обиди за убиство изминатите неколку години.“

Низ целиот филм кој не се знае кој го продуцирал, и од која земја потекнува (иако е на англиски) се провејуваат навредливи тврдења за Путин.

Тој работел само попладневните и вечерни часови. Спиел долго, појадувал а потоа правел студена и топла купка, по што следувал тренинг во теретана.

Филмот го „опишува“ и животниот пат на Владимир Путин и неговите почетоци во КГБ. Тој е окарактеризиран како „мрзелив алкохоличар“ во периодот кога пристигнал во источна Германија во 1985 година, а се тврди и дека редовно ја тепал својата поранешна сопруга Људмила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1