Бебето од Штрпац, кое пред два дена неговиот татко го избоде со нож, успешно заздарвува на Детската клиника во Ниш. Другото бебе денеска е погребано. Мајката на близнаците е во многу лоша состојба под лекови.
Дејан од Косово кој со нож си го усмрте едното бебе старо 40 дена, во полицијата дал изјава од која и на инспекторите им се заледила крвта во вените.
-Бебето е стабилно Тоа е оперирано, но за среќа немаше повреди на виталните внатрешни органи – изјавиле од болницата во Ниш.
Братчето на повредното близначе кое почина од убодите на нож на својот татко, денеска е погребано. Мајката Ана, не присуствувала на погребот, бидејќи се наоѓа во болница со другото бебе, кое го спасила од смрт кога Дејан со нож ги нападнал бебињата.
Според информациите, мајката на децата е во шок и под постојан лекарски надзор
Драган Кузмановиќ, таткото на Ана, рекол дека штотуку родениот внук е погребан во присуство на најблиското семејство. Тој додал дека Дејан пател од депресија и посетувал психијатар. Тој живеел во страв дека некој ќе му ги украде бебињата, кои ги добиле по неколку години брак со помош на вонтелесно оплодување.
– Не е свесен што направил, во полиција му рекоа дека си го убил синот. Беше во шок. Велеше, не е можно, не верувам во тоа, вели извор.
Дејан откако го уби едното синче, а тешко го рани другото, сам побарал од братот кој влетал во куќата да го носи во полиција.