Државниот долг на Грција достигна 317,3 милијарди евра во третото тримесечје на 2013 година, што е 173,4 отсто од БДП на земјата.
Во истото тримесечје долгот се зголемил за 17 милијарди евра или за 5,7 отсто во споредба со истиот период на 2012 година, покажуваат податоците на статистичката служба на ЕУ и на Грција, пишува весникот „Етнос“.
Весникот пишува дека според тој показател, Грција е земјата со највисок државен долг во цела Европа.