Земјата во Центар, продадена за евро квадрат имала газди – референтот од Катастар ќе го казнат


Агенцијата за катастар на недвижности ќе покрене дисциплинска постапка  против сите инволвирани  при издавањето податок во кој е наведено дека парцелата спроти НБРМ е во целосна сопственост на Република Македонија, најави денеска директорот Славче Трпевски.

– Референтот кој го работел овој предмет направил превид и го консултирал само катастарскиот план, но не и имотниот лист. Кога го издал податокот навел дека целокупната градежна парцела и сите катастарски парцели од кои е сочинета се во сопственост на Република Македонија иако во имотните листови состојбата не била таква, рече Трпевски на денешната прес-конференција.

plac71kvadrat-540x315

Тоа, како што појасни, го констатирала Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар која на барање на Министерството за транспорт и врски направила увид во целиот предмет.

– Превидот е отстранет и веќе се издадени точни податоци до Министерството за транспрот и врски. Во градежната парцела влегуваат и 320 метри квадратни од парцела со вкупна површина од 370 метри квадратни која е вратена со денационализација на три физички лица и уште во 2009 година е запишано дека земјиштето е во нивна приватна сопственост, рече Трпевски, изразувајќи жалење за направениот превид.

Посочи дека дигитализацијата на катастарските планови е клучна за во иднина да не се случуваат вакви грешки, бидејќи и да се сака тоа не ќе може да се направи зашто системот нема да дозволи. Додаде дека нема информација за слична грешка на друго место или на друго подрачје.

– Катастарската општина Центар во која е и земјиштето кај НБРМ во моментов се одржува аналогно. Во 2009 година кога се запишани овие имотни листови референтите  требало хартиено да ги нацртаат тие катастарски парцели на планот, но тие тоа не го направиле. Оттаму е превидот што го направил референтот кој го издал документот,  бидејќи само планот го консултирал, а не и имотните листови каква што е вообичаената процедура која треба да се примени во случајов, рече Трпевски.

Нагласи дека согласно Законот за државни службеници ќе бидат преземени постапки за да се видат сите инволвирани страни во случајот и да се оценат одговорностите за секој поединечно. Ќе биде покрената дисциплинска постапка која може да биде од 20 проценти казна, па до отказ од работа.

Агенцијата за катастар на недвижности има запишано 4,2 милиони парцели и 1,5 милиони имотни листови. Годишно Агенцијата прима по еден милион предмети. Во Македонија има 1.900 катастарски општини од кои 900 се веќе дигитализирани. Се очекува целосната дигитализација да заврши до крајот на годинава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1