Отворени двете кујни, отказ за шефицата во ОУ„Kочо Рацин“


По тридневен застој, двете кујни во основните училишта „Kочо Рацин“ и „Свети Kирил и Методиј“ од денеска се повторно отворени за исхрана на над 400 ученици , откако контролните брисови покажаа дека нема бактерии.

hrana kelnerkaИнспекторите за храна по контролите утврдиле дека во кујните на двете основни училишта е извршено чистење и дезинфицирање на површините. Алармот беше вклучен, иако, за среќа, нема затруени ученици, откако првите брисови, земени пред Нова година, покажале дека во „Kочо Рацин” има ешерихија коли на машината за сечење леб, а во „Св. Kирил и Методиј” има цитробактер на штипка за служење риба, како и колиформни бактерии, кои се од фекално потекло.

Една вработена во кујната на „Kочо Рацин“ добила отказ од фирмата „Сара тренд“, која е концесионер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1