Ивица Коневски-најуспешен градоначалник во Скопје за 2013


Градоначалникот на скопската населба Аеродром, Ивица Коневски е избран за најуспешен градоначалник во Скопје за 2013 година.

На второто место, според анкетата што ја спроведе „Скопјеинфо“, се наоѓа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на третото место е Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода.

ivica konevskiПо изборот, градоначалникот Коневски најави дека ќе продолжи со реализацијата на проектите кои се во интерес на жителите од неговата општина.

– За мене ова претставува огромна чест и поттик, но и голема одговорност да продолжиме со исто темпо во интерес на жителите на општина Аеродром. Во следниот период ќе се фокусираме на завршување на проектите што ги започнавме во 2013 година, а тоа се изградба на инфраструктура на сите оние места каде се градат нови згради, завршување на изградбата на новиот спортски центар „Јане Сандански“, повеќе паркови и зеленила, поставување на автомаски систем за наводнување и многу други проекти, истакна Коневски.

Прогласувањето на тројцата најуспешни градоначалници во Скопје го организираше порталот „Скопје инфо“. Во изборот за најуспешен градоначалник учествуваа 25 илјади граѓани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1