Дожд денес – ладно и снег за викендот


Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, a попладне со врнежи од дожд.  Поинтензивни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

rain - dozdУтринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во текот на следните денови температурите ќе се спуштаат. Во сабота околу пладне ќе почне да дува северен ветер, кој на моменти ќе биде засилен и тогаш ќе има поголемо спуштање на температурата. Врнежите од дожд ќе почнуваат да преминуваат во снег и тоа прво во северните делови од земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1