Секогаш е подобро сами да си направите козметички производ од природни состојки кои навистина ќе ја нахранат вашата кожа.
Еден таков препарат е и оваа крема против бори.
Потребни состојки:
– 1 жолчка од јајце
– 2 лажици бадемово масло
– половина лажичка природен мед
– 2 лажички вазелин
Подготовка:
Вазелинот стопете го на пареа, а откако ќе премине во течна состојба тргнете го од оган и додадете му ги претходно изматениот мед, жолчка и бадемово масло.
Состојките темелно измешајте ги и кога смесата ќе се соедини, ставете ја во кутија за крема.
Бидејќи состојките се природни, кремата треба да ја чувате во фрижидер.
Употреба:
Нанесете ја кремата во тенок слој два часа пред спиење, на претходно измиено и исчистено лице.
Производот е богат, па не е потребно да се нанесува голема количина, а ако претерате со нанесувањето на кремата отстранете ја со тампон.