Домашна пита со праз затру цело семејство – 47 годишна жена почина, ланата чувале дома за глувци


47-годишна жена од Скопје почина, а двете лица се во лоша здравствена состојба откако јаделе домашна пита со праз.

Жената заедно со својот сопруг и свекрва со кој живееле во ист дом во општина Кисела вода, јаделе домашна пита, по што добиле симптоми на труење и почнале да се гушат.

Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна. јаделе во двор и соседите ги виделе сите легнати на земја, па пришле да ги спасат и повикале полиција и брза помош.

47 годишната снаа починала, а бабата е во кома на КАРИЛ, и мажот е во сериозна здравствена состојба.

Според информациите кој роднини им ги кажале на медиумите питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз. Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

Според некои информации може да се работи за несреќа бидејќи бабата готвела во летна кујна каде во една од теглите чувале пестицид, ланата, кој го користеле за глувци.

Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава. Познат и како „ Ланата“ ова е отровот за кој се претпоставува дека е виновен и за труењето на многу кучиња низ цела држава. Отровот беше расфрлан низ паркови, дури и близу градинки, а сите животинки умреа во маки – гушење, нервни контракции налик на епилептични напади, пена од устата и смрт за помалку од еден час

Станува збор за еден од најјаките отрови, забранет за продажба во земјоделските аптеки. Се употребува за прскање на овошките и доста е ефикасен, но останува можноста за злоупотреби. Еден грам метомил убива човек од 70 килограми, нервен отров кој предизвикува грчеви во мускулатурата, огромно лачење на плунка, оток во белите дробови, пена во устата и на крај доаѓа до депресија на центарот за дишење, кома и смрт.

Од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ велат дека најдлабоко жалат за страотната трагедија што се случи во Скопје,

„ Години наназат сведоци сме на злоупотреба на смртоносни отрови, нивно расфрлање по високо фреквентни јавни површини (паркови, училишни дворови, детски игралишта; околу влезови и ресторани повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот) масовни труења животни со супстанци кои за десетина минути, по само вдишивање и на најлош можен начин убиваат животни кои тежат и повеќе од 40 килограми’, велат од здружението.

Оттаму порачуваат дека барале истраги на терен и меѓуинституционална соработка пред се од МВР, АХВ, општините, проверки по земјоделските аптеки и пазарите, секогаш подржани и од новинарите кои темата ја третирале пред јавноста зошто нѐ засега сите.

“Предупредувавме дека е прашање на време кога ќе настрада човек. Но од страна на институциите со прст не е помрднато, ниту една единсвена мерка никогаш не била преземена, тук тамо некакво декларативно ветување пред јавноста во функција на пр, а најчесто само игнорирање и молк“, истакнаа од „Анима мунди“.

Според информациите од МВР, снаата почина, бабата е во кома, а синот на Клиниката за токсикологија во стабилна состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1