Потребно:
● 200 г. кокос
● 100 мл. слаткапавлака
● 70 г. шеќер во прав
● 70 г. путер
● 200 г. чоколадо за готвење
Подготовка:
● Во еден сад измешајте ги шеќерот во прав и кокосот. Во друго тенџере на оган загрејте ја слатката павлака заедно со путерот, на тивок оган. Кога путерот ќе се стопи, оставете ја смесата да се излади.
● Когапретходно подготвената смеса ќе се излади, прелијте ја преку кокосот и шеќерот во прав. Промешајте добро додека да се добие тврда смеса.
● Добиенатасмеса можете да ја обликувате на два начини: првиот е да ја израмните смесата во тава за печење или калап, како што се прави бајадера, а вториот е да земате по малку од смесата и даги обликувате колачињата, притоа редејќи ги на алуминиумска фолија. Откако ќе завршите со обликувањето, ставете ја смесата во фрижидер.
● Откако ќе отстои во фрижидер и ќе се стегне, прелијте ја смесата со растопено чоколадо, па вратете уште малку во фрижидер да се стегне и чоколадото, па сервирајте.
Добар апетит!









