Од први декември 2013 година, Македонците ширум светот добија можност да испраќаат подароци за своите најблиски во Македонија.
Со работа почна првата веб-страница која го нуди ова решение, едноставно преку веб пристап на www.pratipodarok.com.
„Pratipodarok.com“ нуди широк избор на подароци за сите поводи и свечености и има за цел да ги зацврсти семејните и пријателските вредности меѓу нашите иселеници во дијаспората и нивните семејства во Македонија.
Користењето е лесно, плаќањето безбедно, а испораката е брза низ цела Македонија.









