Доналд Трамп по осми пат стана дедо, но Твитерџиите го исмеваат името на неговиот внук


Американскиот бизнисмен и контроверзен републиканец Доналд Трамп(70) во неделата стана дедо по осми пат откако неговата ќерка од првиот брак, Иванка Трамп на свет донесе здравчо момченце.

Работата да биде поинтересна е тоа што Иванка (33) и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер на својот трет наследник му дале име Теодор (Тед), па јавноста веднаш почна со коментарите дека Доналд нема да биде воодушевен од тоа што неговио внук ќе го носи името на неговиот главен политички противник на изборите, Тед Круз.tramp i kjerkata

Иванка , раѓањето на своето трето дете, синот Теодор Џејмс, кој на свет дојде на католичкиот Велигден, го објави на социјалните мрежи со пораката „неверојатно благословени“.

Подоцна објавила и фотографија од породилиштето со порака „моето срце е преполно“.

Сепак, немилосрдните корисници на социјалните мрежи не им требало многу да се „закачат“ на името на новиот внук на милијардерот.TRAMP za naslovna

„Иронија“ и „тажно“, се само дел од коментарите пристигнати на име на новороденото моме, но Иванка не им придавала значење.

Трамp се уште не се огласил по повод раѓањето на своето осмо внуче, но можеби и нема да прави голем проблем со оглед на тоа што вистинското име на неговиот политички конкурент Тед Круз е всушност Рафаел Едвард.

Двајцата ривали неодамна се судриле и околу сопругите кога на социјалните мрежи се појавила гола фотографија од актуелната сопруга на Трамп, Меланија, која злобниците ја искористиле да му ја подвалат на штабот на Круз. Трамп возвратил на оваа провокација изјавувајќи дека е подобро тој да не почне да зборува за Хајди Круз.

Круз му порачал на Трамп да не ги вовлекуваат сопругите во војна.

Иванка е второ од трите деца на Доналд Трамп (69) од неговиот прв брак со чешката манекенка и поранешна атлетичарка, Ивана Трамп (66).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1