Донирајте стара облека и играчки за децата без родители!


Невладината организација Урбано општество” во соработка со ОУ “Лазо Ангеловски” и Министерството за труд и социјална политика од завчера почна со реализација на голема хуманитарна акција за собирање стара облека и играчки.

molitvaОблеката и играчките што ќе се соберат ќе бидат донирани во неколку домови за деца без родители и родителска грижа. Собирните пунктови на акцијата, која ќе трае до сабота, 22.2.2014 година, се наоѓаат во ОУ Лазо Ангеловски” во Ново Лисиче.
По завршувањето на акцијата на 22.2.2014 година, собраната облека и играчки ќе бидат донирани во некои од домовите. Општина Аеродром апелира до граѓаните да ја покажат својата хуманост и масовно да се вклучат во акцијата и на тој начин да им помогнат на децата без родители. Наместо да се фрла старата облека или пак, да зафаќа место во подрумите, како што вели Мартин Серафимов, претседател на НВО “Урбано општество”, истата може да се подари на децата на кои им е потребна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1