Ќотекот порано бил нормална воспитна мерка


Мирослава Милошевиќ-Николоска, професорка по детска психологија, која во 1974 година работела во домот, вели дека таквото однесување покажува дека децата се исплашени и мислат дека ќе добијат ќотек ако направат некоја грешка

За насилството врз децата и лошите услови во кои живеат во институции од овој тип говорат и извештаите на народниот правобранител. Во нив се вели дека, и покрај забраната за физичко и психичко насилство, тоа сѐ уште е застапено кај децата згрижени во установите.

uciliste-25-maj-mji-31Во последниот извештај народниот правобранител напишал дека по сопствена иницијатива повел постапка за заштита на правата од сексуална злоупотреба на воспитаник во домот „25 Мај“-Скопје од страна на друг воспитаник, кој во меѓувреме поради полнолетство го напуштил домот, пишува Нова Македонија.

Мирослава Милошевиќ-Николоска, професорка по детска психологија, која во 1974 година работела во домот, вели дека таквото однесување покажува дека децата се исплашени и мислат дека ќе добијат ќотек ако направат некоја грешка.

– Најверојатно ќотекот бил користен како воспитна мерка, можеби во институцијата или, пак, во семејството од каде што доаѓаат децата. Кога работев таму, во 1970-тите, ќотекот беше нормална воспитна мерка. И тогаш ситуацијата во тој дом беше шокантна. И тогаш беше недефинирана установа – вели Милошевиќ-Николоска.

Стевчо Соколов, директорот на установата, тврди дека вработените на ниту еден начин не вршат насилство врз децата.

– Откога јас сум директор на овој дом, тука нема насилство, а извештаите на народниот правобранител секоја година се сѐ подобри. Децата понекогаш лажно пријавуваат насилство од воспитувачите. Кога се работи со деца што се ранлива категорија потребно е со секое дете да се има различен пристап – во зависност од карактерот на штитеникот. Точно е дека не сите воспитувачи добро работат со децата, има и добри и лоши, сите имаат различен принцип на работа. Се случува брат и сестра да се степаат или штитениците меѓу себе, но воспитувачите не ги тепаат децата – тврди директорот.

Неофицијално, вработени во домот велат дека во институцијата се прават голем број абортуси на малолетните девојчиња. Според нив, често се случува воспитувачите да се затвораат во канцеларии и да ги оставаат децата без никаков надзор.

Целата сторија на – Нова Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1