Дора Бакојани кандидат за генерален секретар на Советот на Европа


Поранешната министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани е кандидат за генерален секретар на Советот на Европа, објави денеска организацијата.

Четворица кандидати се пријавиле, меѓу нив и Дора Бакојани, која беше шефица на грчката дипломатија кога Атина го блокираше членството на Македонија во НАТО во 2008 година.

Другите тројца кандидати се белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ и поранешниот литвански премиер, Андриус Кубилиус.

Конечната одлука треба да биде донесена до јуни годинава, а новиот генерален секретар на Советот на Европа ќе ја преземе функцијата во октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1