Досега невиден антички јазик, пронајдени на плочи во Америка


Во текот на изминатите 200 години бројни древни натписи се пронајдени во САД, за кои се чини дека би можеле да ги потврдат теориите дека стотици ако не и илјадници години пред Колумбо постоеле луѓе кои што пред се движеле во тој регион.

Кенсингтон Руни Стоун плочата, е откриена е во 1898 година од страна на Олоф Охман, во близина на Кенсингтон, Минесота во близина на едно големо дрво.

И покрај тоа што голем број на експерти ја гледаат како лажна, сепак од неодамнешното истражување се покажува дека плочата има античко потекло со врежани антички натписи.

Покрај неа биле пронајдени и други камења со триаголни дупки, кои се идентични како оние кои што ги имало на бродовите на Викинзите, кои во текот на 14 век доаѓале од пределите на денешна Норвешка.

Дел од транскрипторите можеле да ги преведат натписите на една од плочите:

„Патуваме од Винланд кон запад. Имаме логор. Патуваме на север, еден ден од овој камен. Еден ден бевме на риболов. Година 1362“.

Друга плоча е откриена во Западна Вирџинија, која е пронајдена во 1838 година од страна на Абелард Томлинсон.

Објектот е во форма на мал песочен диск со 25 карактери на него. Натписот содржи бројни различни натписи од различни древни јазици.

Друга плоча е пронајдена во Северна Каролина, која има чудни ознаки и симболи врежани на неа.

Модерните археолози веруваат дека карпата е издлабена од страна на легендарното индијанско племе Чироки, пред 2-3000 години.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1