Нешто чудно се случува на границата меѓу Кина и Индија (Видео/Фото)


Мистериозната жолта светлина од кинеската страна, а индиската армија не може да открие што е тоа, целата ситуација за нив е повеќе срам од страв. Како да не се доволни проблемите на овие две земји, вклучувајќи ги и прашањата за границите, трговија и Далај Лама, дојде време за Шлаг на торта – проблеми со НЛО.

“Повеќе од 100 НЛО се гледаат по должината на границата со Кина”, пишува Тајмс оф Индија, кого го пренесува и Лос Анџелес Тајмс.

Индиски војници патролираат низ често напнати и 3360 километри долга граница помеѓу двете азиски гиганти, тврдат дека го виделе НЛО-то неколку пати како и некои жолти светла, кој се издигнуваат од кинеската страна на границата и патуваат по небото полека 4-5 часа, а потоа само исчезнуваат.

Индиски воени претставници ја отфрлија можноста дека тоа се кинески беспилотни возила или сателити, кои летаат во ниска орбита. Назад во септември, Армијата поставила на границата мобилен радар и спектрометар, со цел да дознаат што тоа “танцува” во воздухот. И додека индиски војници гледале “светлосно шоу, апаратите снимиле сигнал кој укажува на тоа дека нивните НЛО не се направени од метал. Ова внело вистинска паника – летала кои не се од метал?? Одлучиле да побараат помош.

Индијците се обидел со беспилотни летала, но штом ќе се приближеле на жолтата светлина, таа исчезнувала. Повикале и астрономи, да кажат што мислат, но тие се откажале за само три дена, заклучувајќи дека се работи за небесните тела за кои неможе да се утврди потеклото.

Сепак, во последните три месеци, Армијата има снимено околу 100 вакви инциденти, а недостатокот на одговор предизвика повеќе штета отколку страв во воените кругови во земјата. Срам за нив е што неможат да откријат за што се работи.

Има дури и теории, дека се работи за груби психолошки операции извршени од страна на кинеската страна, или дека тоа е многу софистицирана опрема, наменета за тестирање на подготвеноста на индиската армија.

“Ако гледаме дека може да е некој вид на психолошки тест на нашата армија немој да бидете изненадени, затоа што Кинезите се многу напредни”, изјави генерал-полковникот BS Jaswal, поранешен командант на копнените сили на северниот дел на Индија.

Истрагата продолжува,  а цели тимови на експерти ги анализираат снимките, пишува весникот.

Повеќе инфо ЛИНКЛИНК2

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1