Дошол од Охрид, ја убил на спиење мајката и се вратил – детали за убиството на скопјанката


Министерството за внатрешни работи,  поднесе кривична пријава против А.П.(30) поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело „ Убиство“ и против С.Б.(24) поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело „Помагање“ во врска со неодамнешното убиство во населбата Аеродром.

Двајцата осомничени беа приведени и заедно со доказниот материјал изведени пред надлежен Истражен судија кој им одреди мерка притвор во траење од по 30 денови.

aerodrom_ubistva

Убиството, според досегашните сознанија, првосомничениот го извршил на 29.06.2013 година, во стан лоциран на бул. „Јане Сандански“ бр37 во Скопје, сопственост на неговата 57 годишна мајка Јованка, со иста адреса на живеење, каде околу 23,30 часот со неколку удари со метална шипка и нанел повреди на главата од кои истата веднаш починала, а потоа со ПМВ „Даеву Нексија“ со скопски регистерски ознаки, управувано од второосомничениот избегале во Охрид.

Имено, на 29-ти минатиот месец, првоосомничениот кој бил во Охрид телефонски му се јавил на неговиот пријател кој се наоѓал во Скопје и го замолил да дојде со возило по него за да го однесе во Скопје. Двајцата веднаш се вратиле во Скопје и околу 23.00 часот, второосомничениот со возилото го довел првопријавениот во населбата Аеродром и го оставил на паркингот во близина на станот на неговата мајка, каде тој преку отворениот прозор од детската соба влегол во станот.

Додека неговата мајка спиела во спалната соба, со метална шипка која претходно ја обезбедил, неколку пати ја удрил по главата и телото. Откако се уверил дека мајка му е мртва, започнал со претурање во станот, по што излегол низ вратата од терасата и на паркингот откако го причекал неговиот пријател повторно се качил во возилото со кое преку заобиколницата пристигнале во населбата „Ѓорче Петров“.

На 08.07.2013 година, околу 19.00 часот, заради неподносливата реа во влезот 3 од зградата бр 37 на булевар „Јане Сандански“, од страна на група станари е пријавено во полиција. Веднаш потоа униформирани полициски службеници влегоа во станот преку отворената балконска врата и го пронајдоа безживотното тело на Јованка Најдова.Таму второосомничениот од бензинска пумпа на „Макпетрол“ во шише купил едно литро нафта и по стариот пат со возилото преку с.Сарај се упатиле кон Тетово. По 10-тина километри движење, застанале во атар на с.Ласкарци и на земјен пат се симнале од возилото, по што првоосомничениот со нафтата ја запалил облеката, а во блискиот поток ја фрлил металната шипка со која го извршил убиството врз неговата мајка. Потоа, двајцата со возилото продолжиле кон Охрид.

За настанот беа известени дежурен Истражен судија и Јавен обвинител кои заедно со обдуцент излегоа на лице место. Увидот го изврши увидна екипа од Единицата за истрага на место на настанот и вештачење по што беше изготвена Кривична пријава против непознат сторител.

Од лице место беа подигнати и неколку кебиња, два мобилни телефони, повеќе листови хартија, еден нож и други материјали за вештачење.

По преземените оперативно-тактички мерки на 09.07.2013 година во ПС „Кисела Вода“ беше приведен првопријавениот со кој беше извршено и полигравско тестирање.

Вчера беше повикан и второпријавениот а од него со Потврда е одземено и патничкото возило „Даеву Нексија“ кое дополнително ќе биде вештачено.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1