Дошол поради сообраќајката – Во Неготино почина кумот на осомничениот за сообраќајката кај Удово


Не престануваат трагичните настани по сообраќајната несреќа во близина на Удово.

Според српските медиуми , вчера во Неготино ненадејно починал кумот на возачот на фордот фиеста , Рајко Радојковиќ од Ниш.

soobrakjaka mknews 3Тој дошол во посета заедно со мајка му на момчето, кому судот му одреди мерка притвор како осомничен за трагичната сообраќајна несреќа во која загина осумесечното бебе Андрија, а на повредите им подлегна и неговиот чичко 24- годишниот Никола Маринковиќ од Чуприја.

По извршената обдукција и формалностите, денеска нивните посмртни останки ќе бидат погребани во Чуприја , а во Скопје и натаму во критична состојба е 30 годишната мајка Марија Маринковиќ .

На детсктото одделение на Хируршката клиника во Скопје се опоравува 5 годишниот Матија Маринковиќ .

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1